Застрелан маж пронајден во возило на автопатот Тетово-Гостивар
Хорор го потресе Тетово. Синоќа маж на возраст од 32 години бил пронајден мртов во возило на автопатот Тетово-Гостивар, кај клучката за селото Пирок.
Како што пренесува полицијата, се работи за 32-годишниот Мухамед А. од Тетово кој бил пронајден мртов во своето возило марка „голф“ со тетовски регистерски таблички.
Телото е предадено на обдукција, а истрагата треба да покаже дали станува збор за убиство или самоубиство.
13.10.2013 - 10:34