СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека стои зад таканаречените протести на земјоделците
ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека токму таа партија стои зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци, велат од СДСМ во реакција по прес конференсцијата на Трипуновски од ВМРО- ДПМНЕ.
„Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во недостаток од реална програма, продолжува преку партиски собири да се обидува да ја искриви реалната слика.
Како и на досегашните таканаречени протести, така и за најавениот во сабота ќе недостасуваат вистински земјоделци, бидејќи вистинските земјоделци не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски.
Земјоделците се свесни за разликата меѓу партнерскиот однос со Владата предводена од СДСМ и потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон нив.
За само нешто повеќе од две години, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство ги решија сите проблеми наталожени од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Се исплатија заостанатите субвенции, финансиската поддршка се зголеми, се реши проблемот со долговите на лозарите, се инвестира во младите земјоделци и жените од руралните средини и се намалуваат трошоците за производство преку воведувањето „зелена нафта“.
ВМРО-ДПМНЕ е навиканто да лаже и манипулира и тоа го прави и денес како опозиција. Затоа загуби на претходните избори и затоа ќе загуби и на предвремените избори на 12 април.
Граѓаните нема да дозволат обнова на манипулациите и пристисоците врз земјоделците, граѓаните ќе дадат поддршка на политиките што го носат земјоделството на прав пат“ се вели во реакцијата од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа