Хорор за тетовчанец - сопругата му се заканувала со нож
Вистинска семејна драма се одвивала во текот на вчерашниот ден во Тетово. 55-годишниот тетовчанец Џ.Е. синоќа пријавил дека неговата 41-годишна сопруга Х.Е. започнала да му се заканува со нож. Најпрво тој и ги побарал неговите предмети кои таа требало да ги продава на тезга бидејќи не му биле платени, но истата не му ги вратила и му се заканувала дека ќе го убие. Во тој момент нивното помало дете земало кујнски нож и му рекло да остане бидејќи требало да дојде вујко им со кого му се заканувале, но тетовчанецот за среќа успеал да го пријави случајот во полиција.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
13.10.2013 - 11:34
Фото:
спектра