ФОТО: Ова се петте млади момчиња кои загинаа во страотната сообраќајка кај Рампа

 

Ова се петте млади момчиња од Скопје, Александар и Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш кои животот го загубија во страотната сообраќајка кај Рампа во Центарот на Скопје.

Голем дел од животот го поминавме заедно, се дружевме, растевме… со некого подолго, со некого пократко... но сеедно... ве сакам сите! Борче, Аце, Горан, Филип и Жиле - сите сте дел од моето детство и од мојот живот, така и ќе остане! Засекогаш ќе живеете во сите нас и вечно ќе ни недостигате!! Почивајте во мир!!!, се само дел од коментарите за петте трагично загинати момчиња на возраст од 27 и 28 години, пренесува Курир.

Инаку, момчињата животот го загубија во сообраќајна несреќа кај Рампа кога со своето БМВ враќајки се од ергенска вечер и возејќи со 240 километри на час, изгубиле контрола и удриле во подрумот на Пазарната инспекција при што починаа на местото на настанот.

Тие вчера беа испратени во своите вечни живеалишта.

Нека почиваат во мир!

13.10.2013 - 12:04
Фото: 
Курир

најчитано сега