Тетовчанец пронајден мртов на автопат - еве ги деталите
Синоќа ужасна глетка ги потресе жителите на Тетово. Околу 21 часот бил забележан машки труп како лежи облеан во крв на автопатот Тетово-Гостивар.
Според податоците од полицијата, тетовчанецот облеан во крв лежел покрај своето возило марка Голф 3 со тетовски регистарски ознаки. Полицијата констатирала дека се работи за 32-годишниот Мухамед А. кој бил легнат на грб, имал неколку прострелни рани влезни и излезни на горниот дел од телото и на главата, а исто така покрај телото биле пронајдени 2-чаури од автоматска пушка кал-7.62 мм, траги од крв и ткиво.
Ќе биде извршена обдукција врз телото на тетовчанецот.
13.10.2013 - 12:53