Тешка сообраќајка пред Штип - 9 лица завршија во болница

 

Девет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:15 часот на патот Штип - Коачни кај крстосницата за Чешиново. Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички, јавува МИА.

Повредените биле пренесени во општата болница во Кочани. Директорот на болницата Дејан Апостовски информира дека двајца се потешко повредени и веќе се упатени во Ургентниот центар во Скопје, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на несреќата во тек е увид од истражен судија, јавен обвинител и екипа на полицијата од Кочани.

Сообраќајот на патот Штип - Кочани се пренасочува преку алтернативниот пат преку село Борилчево - Аргулица - Долни Балван

13.10.2013 - 21:15

најчитано сега