Васев:Мицкоски ги поддржува ставовите на Василевска, тие се дел од антизападното делување на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови, рече Стефан Васев од СДСМ.
„СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и подлеби, за квази сојузи и анти западни политики
СДСМ останува посветена на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат посветени на обнова на режимот и криминалот.
Со таква понуда Мицкоски ќе доживее нов пораз на изборите на 12 април, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат неговите деструктивните политики и ќе потврдат дека државата е на прав пат“ рече Васев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа