Локвенец: Ние стоиме зад нашето предизборно ветување

 

Хари Локвенец од СДСМ во денешното гостување во 24 анализа го објасни изборниот модел на претстојните избори.

„Тоа потврдува дека ние стоиме зад нашето предизвборно ветување, се уште инсистираме да имаме избори со една изборна единица и со отворени листи на пропорционален модел. Сето тоа беше како предлог на изборната кампања. Истовремено носењето или измената на изборните правила во изборниот законик секогаш досега се носел со консензус со меѓусебен договор на сите политички партии, не само власт-опозиција, туку и партиите по национална основа кои покриваат одреден таргет на гласачи.“ - рече Локвенец.

Тој потенцираше ова е најдобар модел што се нуди и моделот на СДСМ е пропорционален. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега