Доктор открива што треба да јадеме и како да се грижиме за здравјето: „Балканецот мора да го прави ова“
Докторот Емир Солаковиќ укажал на лошите навики на Балканот и упатил како треба да изгледа идеална варијатна на денот кај човекот кој води здрав начин на живот.
Посочил дека човекот учи за животниот стил дома и дека родителскиот пример е основа на се.
На прашањето како точно треба да изгледа денот на Балканецот, тој дал детален опис со добри совети.
-Кога ќе се разбудите мора да појадувате. Треба да спиете 6-7 часа, не повеќе. Кој спие повеќе има некој проблем. Сонот мора да биде цврст и добар - рекол Солаковиќ.
-Кога ќе станете наутро прва работа мора да биде чинијата. Во чинијата мора да има протеини. Најдобро земете јајца, па испржете ги. Четири белки и едно цело јајце. Тоа 13-14 грама протеини. Земете црно кафе, не турско, туку еспресо и малку овошје. Тоа е идеален појадок кој ќе ви даде енергија - рекол докторот и додал:
-Тоа трае 4-5 часа, а потоа доаѓа време за ручек, Ручекот мора да биде исто протеини. Ако јадете црвено месо, нека не биде мрсно. Нека има црвено месо, а ако сакате јагленихдрати тука е оризот, макародните, од тоа ставете само една дланкаво чинијата. Зелени билки ставете една дланка. Ручекот доаѓа во 12 часот, ако сте станале во 6. Некаде во околу 4-5 часот сте дошле од работа, направете си колач, испијте кафе, фино седнете како Англичанец. Доаѓа време за вечера во 7-8 направете фина вечера. Тоа мора да биде месо, протеини, јаглени хидрати и една чаша црвено вино. Виното е чиста крв. Еден час пред спиење малку каснете, да не бидете гладни. Јадете онолку месо колку што ви е големината на дланката - рекол Солаковиќ.
Имал и еден дополнителен совет, која не е помалку важен и треба да се почитува.
-Мора и еден час да се посвети на физички активности. Ќе се одморите, стресот ќе ви исчезне и мускулите нема да пропаднат - заклучил докторот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа