Ја убил сопругата запалил 2 автомобили па сам си пресудил

 

Убиство и самоубиство ги потресе жителите на босанската општина Бијељина. 54 годишниот Жарко Радовановиќ ја убил својата 52 годишна сопруга а потоа извршил самоубиство.

Во локалната полиција било пријавено дека човекот во дворот на својата куќа ги запалил двата автомобили, Голф и Венто по што се самоубил. Очевидци тврдат дека тој се обидел да му ја запали и куќата на соседот по што си пукал во главата. На местото веднаш пристигнала противпожарна екипа и Брза Помош а Жарко од прострелната рана починал на пат до болница.

Нема информации кои биле мотивите за убиството и самоубиството

13.10.2013 - 23:58

најчитано сега