Мухамед Зекири: ДУИ не дозволи да се избере директор на „ревизија“
Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, каско член на собраниската Комисија за именувања синоќа објави дека, како што вели тој, ДУИ во судир со СДСМ и другите партии не дозволила да се избере директор на Државниот завод за ревизија, иако на агендата беше предвидено тоа да се направи вчера.
„ДУИ продолжува да работи против интересите на Албанците. Доказ за тоа беше денешното дејствувањето на нивниот заменик Ејуп Халими во комисијата кој без гласање го напушти состанокот, спречувајќи професионален Албанец како Адам Цури да биде избран за директор на Државниот завод за ревизија“, објави потпретседателот на СДСМ.
Тој јавно му се заблагодари на поддршката дадена на овој предлог на СДСМ од пратеникот на албанската опозициска партија БЕСА, Фадил Зендели, кој пак напиша дека ДУИ не прифатила да се постави „Албанец професионалец на чело на оваа институција, туку Албанец од нивните редови, односно од огранокот во Чаир“.
„ДУИ не гласаше за албанскиот кандидат кој беше поддржан од повеќе партии, но не беше поддржан само од нив и од ВМРО-ДПМНЕ. Која може да биде причината за сето ова? Не може да има никоја друг освен борбата на ДУИ да ја задржи оваа институција во „клиничка смрт“, за да по изборите, ревизијата не го испита делото направено во институциите со кои управуваат“, напиша Зендели на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа