Критична здравствената состојба на брачната двојка повредена во сообраќајката кај Чешиново

 

Девет лица се повредени во страшна сообраќајна несреќа која синоќа се случи на патот Штип - Коачни кај крстосницата за Чешиново. Во сообраќајката учествувале комбајн, возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки и „рено меган“ со кочански таблички.При несреќата се повредени девет лица, од кои двајца се потешко повредени, четворица имаат полесни повреди и се хосптализирани во Кочани, а тројца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Како што пренесува Канал 5, брачната двојка која вчера беше повредена во несреќата, се наоѓа на Ургентниот ценатр во Скопје, и е во критична состојба.Жената е префрлена на Хирургија и има повреди на главата, а нејзиниот сопруг е на Одделението за трауматологија.

Инаку, несреќата се случи вчера во 19 часот и 15 минути.

14.10.2013 - 11:29

најчитано сега