Грците мислат дека некој од горе ги прска со отров

 

Во најнова анкета која ја објави весникот „Етнос“, еден од тројца Грци верува дека  авиони од голема височина ги прскаат со хемиски или биолошки агенси.

Дури 33,3 проценти од Грците веруваат во оваа теорија на заговор наречена „хемиски млаз“ .

Анкетата покажува дека само 6,1 поценти од испитаниците кои веруваат во „хемиски млаз“ се поддржувачи на десничарската партија преводена од Панос Каменос.

Вкупно 19,2 отсто ја поддржуваат Сириза, 15,3 Златна зора и 10,6 проценти се за Нова демократија.

 

Овие дилеми околу трагите што ги оставаат авионите на небото почнаа да се поставуваат уште во 90-тите години од минатиот век, главно во Америка. Властите досега неколку пати се обидеа да покажат дека трагите од пареа се само кондензација која останува зад авионите. 

14.10.2013 - 11:48

најчитано сега