ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најголемиот измамник, по 12 април следи обнова
Зоран Заев е најголемиот измамник. Ова денеска преку соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ:
- Зоран Заев три години ги лажеше граѓаните дека е промашена трасата на автопатот Кичево - Охрид. Благој Бочварски призна дека Заев лажел. Трасата не била промашена, патот не е мрднат од мртва точка заради неспособноста на СДСМ, а има нови анекси на договорот тешки 200 милиони евра. Зоран Заев ги лажеше родителите на убиените деца од Смилковско езеро. Во моментов и тие што беа осудени се на слобода. Никој не одговара за грозоморното злосторство. Зоран Заев ги лажеше граѓаните за смртта на Никола Младенов. Нема нова истрага, нема никаков сомнеж за неговите тврдења дека не станувало збор за сообраќајна незгода. Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го продаде владиниот Мерцедес и дека ќе купи амбулантни возила. Зоран Заев и високите државници кои доаѓаат во Маледонија се превезуваат во мерцедесот, а наместо возила за итна медицинска помош, Заев си купува хелихоптери, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе ги зголеми пензиите. Пензиите не ги зголеми.
- Зоран Заев и СДСМ ги лажат граѓаните. Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат. Не им поминуваат лагите на Заев и СДСМ повеќе. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа