Група насилници каменувале автобус на ЈСП

Група насилници синоќа извршиле каменување на автобус во сопственост на ЈСП. Инцидентот се случил во 20 часот и 20 минути на булеварот „Партизански Одреди“ кај Влајков Мост во Скопје, кога група млади насилници започнале да го каменуваат автобусот со број 2.

При инцидентот за среќа повредени лица нема, а било искршено едно стакло.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.

14.10.2013 - 13:07

најчитано сега