Не мора да плаќате длабинско чистење: Паста од две состојки отстранува најтврдокорни дамки од седиштата на автомобилот

 

Случајно сте истуриле некаква храна на седиштето од автомобилот или детето со лажица ви измачка дел од неговата храна? Без грижа, не мора да фрлате пари на професионално длабинско чистење, со помош на едноставен трик сами може да го решите овој проблем.

Најдобрата работа е дека она што ви е потребно за да го решите проблемот, сигурно го имате во кујна.

via GIPHY

Да ги отстраните флеките од храна и пијалоци, ви треба сода бикарбона, малку бел вински оцет и стара четкичка за заби.

Измешајте три супени лажици сода бикарбона и малку оцет за да добиете паста. Нанесете ја со четкичката за заби на подрачјето на седиштето кое е извалкано и добро истријте. Оставете така да делува некое време додека пастата не се исуши, а потоа со смукалка преминете преку дамката.

После тоа седиштето ќе биде како ново.

 Soda bikarbona

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега