Грција им дава плати и на државни службеници кои се осудени на доживотен затвор

 

Помеѓу главните теми на весникот „Вослтрит џурнал“ се најдоа грчките власти кои не прекинуваат со исплатата на плати на државни службеници кои се осудени на доживотен затвор.

Весникот како пример го наведува убиство на грчки градоначалник во 2009 година, што го користи како силен аргумент, дека Грција не може да ги исполни барањата за реално реформирање на државниот сектор и за отстранување на несоодветно вработените.

 

Меѓународните кредитори бараат државата да го реформира државниот сектор и да отпушти илјадници државни службеници. Но според „Волстрит џурнал“ овој случај со градоначалникот е само доказ за тоа колку тешко ќе биде реализирано такво нешто.

14.10.2013 - 14:00

најчитано сега