Едноставен тест: Дознајте колку долго ќе живеете
Едно поинакви истражување за здравјето на луѓето било спроведено на повеќе од 14 илјади луѓе од 14 земји. Резулаттите покажале дека силата на стисокот на дланката е подобар показател за здравјето од крвниот притисок.
Меѓународниот тим на доктори објавил дека испитувањето на силата на стисокот може да биде едноставен и евтин тест кој би можел да се спроведува во лекувањето.
Максималната сила на стисокот со годините се намалува, но луѓето на кои таа сила им опаѓа со побрзо темпо имаат поголем ризик од здравствени проблеми.
Жените во 20-тите години од животот имаат сила на стисокот од околу 34 кг, што кај жените во 70-тите опаѓа на 24 кг, додека еквивалентните вредности за мажите изнесуваат 54 кг наспроти 38 кг.
Истражувањето покажало дека намалувањето на силата за 5 кг го зголемува ризикот за прерана смрт за 16%. Изгледите за фатален срцев удар се зголемуваат за 17%, а за мозочен растат за 9%.
Докторите тие ризици денес ги проценуваат преку прашалници кои ги пополнуваат пациентите, во кои се бара да одговараат на прашања во врска со пушењето, телесната тежина, крвниот притисок, нивото на холестерол и семејната историја.
Истражувачите наведуваат дека мерењето на силата на стисокот поточно го предвидува идното здравје од крвниот притисок, како и дека тоа би можело да биде новото оружје во проценувањето на ризиците.
Стручњаците сепак тврдат дека не е јасна поврзаноста помеѓу силата на стисокот на дланката и здравјето на срцето и дека се потребни дополнителни истражувања во областа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа