ФОТО: Овој полицаец барал и добил секс за да скине сообраќајна казна

 

Хрватски полицаец ќе одгоара кривично откако бил осомничен дека за да скине казна за сообраќаен прекршок и побарал секс.

Според тоа што го кажуваат во карловачката полиција, пишуваат хрватските медиуми, намислата му успеала, а тој се сомничи за блуд.

Сè се случило во неделата, додека 43-годишниот полицаец бил на служба.

„По спроведено крим истражување, 43-годишниот полициски службеник се сомничи дека за време на должноста на 13 октомври, на подрачјето на Долга Реса, направил казнено дело блуд на штета на хрватска државјанка", вели портпаролката на полицијата Андреја Ленард, за радио „Мрежница".

Полицаецот заедно со кривична пријава е изведен пред Суд а до завршувањето на судскиот процес ќе биде суспендиран од работното место.

14.10.2013 - 22:39
Фото: 
Јутарњи Лист

најчитано сега