Кејт секогаш носи три прсетни на раката- откриено кои се нивните значења

 

Војвотката од Кембриџ е позната по префинетиот стил благодарение на минимализмот кој го негува со години.

Сака накит, но исклучиво во умерени количини, па анализирајќи ги нејзините прстени ќе сфатите дека наместо 2, бурма и веренички прстен, на домалиот прст Кејт носи 3 прстени.

Првиот прстен сите добро го знаеме – масивниот син сафир кој го доби од принцот Вилијам како веренички прстен, а кој ѝ припаѓал на принцезата Дијана.

Вториот е бурмата, која е едноставна, деликатна, од 18-каратно велшко злато, а третиот е опточен со дијаманти.

Во прашање е дијамантски прстен кој бил подарок од принцот Вилијам кога се родил нивниот прв син, принцот Џорџ кој денес има 6 години.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега