Криел калашников во шупа - гостиварчанец заврши во притвор
Жител на селото Долна Бањица во гостиварско во својот дом криел оружје за кое немал дозвола.
Како што пренесе МИА, се работи за 40-годишниот Ш.А.Г. од гостиварско кај кој полиијата при претрес на домот во една од помошните простории открила автоматска пушка кал. 7,62 и рамка за муниција со 14 куршуми.
Гостиварецот бил приведен и задржан во полициска станица, а ќе биде изведен пред истражен судија.
15.10.2013 - 09:51