„Со часови плачев кога син ми ми кажа дека сум дебела“ - имала 134 килограми, па се одлучила на промена и денес изгледа одлично

 

35-годишната Шона Харшман сфатила дека мора да промени нешто во својот живот откако 3-годишниот син ? рекол дека е дебела.
Прво плачела во тоалет, па одлучила да го промени својот живот од корен. Оваа мајка од Северна Дакота тогаш имала 134 килограми, а објаснила дека на училиште секогаш се чувствувала како „дебелата другарка“. Кога првпат останала бремена, добила повеќе од 25 килограми.
„Се сеќавам дека ме исмеваа во училишниот автобус. Доаѓав дома плачејчи и не сакав да се враќам таму“, се присетила Шона. Сепак продолжила да јаде пржена и преработена храна, а јадела и многу тесто.


Килограмите продолжила да ги накачува и во третата бременост, па во време кога се родил нејзиниот најмал син имала дури 134 килограми.
„Првпат забременив на 18 и тоа ми беше изговор за прејадување. Мејсон е роден во 2004 години и после тоа не водев грижа за себе“, раскажала Шона.
За време на третата бременост, лекарите ја предупредувале дека повеќе не треба да се дебелее. Денес ја растажува фактот дека нема многу фотографии со синовите, затоа што не сакала да се фотографира во тоа време.


„Еден ден мојот среден син почна да ме исмејува, ме нарече дебела и ми се смееше. Тогаш знаев дека сум го допрела дното“, се присетила таа.
Шона започнала да истражува операции за губење килограми и набрзо се одлучила за вградување на желудечен балон, кој ? го намалил желудникот. Изнајмила личен тренер, кој ? објаснил колку е важно да вежба додека слабее.
После операцијата драстично го променила начинот на исхрана. Јадела јајца, пилешко и мисиркино месо, јаткасто овошје, протеински шејкови и зеленчук во секој оброк. Денес, оваа мајка има 71 килограми и изгледа поинаку. Редовно вежба и оди во теретана. Води и профил на Инстаграм за здрав живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега