Почина познатиот српски рапер: Пријателите и семејството се збогуваат од него

 

Бане Ковачевиќ, некогашен рапер и член на групата 187 почина синоќа во Белград.

Инаку, за неговиот приватен живот многу малку се знае. Во август објави фотографија од Клиничкиот центар, а јавноста не беше запознаена со оа дека познатиот рапер боледува од тешка болст.

„Борбата е завршена, излегов како победник“, порача тој тогаш, а под фотографијата сите му упатуваа честитки.

Пријателите и членови на семејството се збогуваа од него преку социјалните мрежи. Како што е наведено, неговиот голем пријател и рапер Небојша Миниќ Хеле, рекол дека Бане не ја издржал операцијата која ја имал.

„За жал, информацијата е точна. Имаше синоќа операција и не можеше да издржи. Сѐ се случи синоќа во десет вечерта“, изјавил тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега