Актер умирал пред камерите: Паднал среде снимање, па започнала агонијата која трагично завршила

 

Тајванската ѕвезда, 30-годишниот Годфри Гао се срушил за време на гостување во реалното шоу „Chase me"  (Фати ме) во кое натпреварувачите мораат да имаат исклучителна физичка подготвеност за да одговорат на предизвиците.

Тие мораат да поминат низа препреки и да покажат неверојатна физичка подготвеност. Тоа вклучува тркање, прескокнување препреки, па дури и спуштање од високи згради со зиплајн.

Годфри не ги поднел добро напорите и паднал. Продуцентите на емисијата рекле дека паднал и изгубил свест додека трчал, а дека починал на пат кон болница.

-Трчаше и само се сруши. На сетото дојде Итна помош која веднаш започна оживување и го префрли во болница - рекле од продуцентската куќа. 

-За жал, после 2 часа обиди да го вратат, доживеал срцев удар - додале тие.

Од телевизијата Феникс претходно соопштиле дека шоуто е осмислено да ги натера натпреварувачите да ја надминат сопствената физичка граница и учесниците се главно во добра физичка форма.

Годфри пораснал во Ванкувер, а станал популарен во Кина по почетокот на емитувањето на телевизиската драма Remembering Lichuan. Исто така, глумел во холивудскиот филм „Инструмент на смртта: Градо на коските“, а бил и прв азиски модел кој снимил реклама за Луј Витон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега