Само што се венчаа, а веќе се рзаведуваат- Милјана бара дел од имотот на Милојко

 

Најинтригантната брачна двојка во Србија, Милјана (21) и Милојко (74), ќе ја напуштат вилата на контроверзното реално шоу Парови за да ги потпишат документите за развод, пишува српски Курир.

Гледачите од Србија секојдневно го следат развојот на приказна која привлече големо внимание дури и од британските медиуми, а според последните случувања, Милојко тврди дека се разведува. „Сигурен сум дека добивам развод“, рече тој во програмата во живо.

Кога адвокатот ќе влезе со документите за развод, тие на кратко ќе го напуштат реалното шоу за да ги потпишат документите и договорно да се разведат

„Но, не сме заработиле ништо заедно, целиот имот е мој. Мои се  куќите, мои се становите“, објасни Милојко.

Но, Миљана не се согласува со него. „Нема да се вратам во селото по никоја цена, сакам дел од имотот“, решена е младата невеста.

Жабац, оженет љубовник на Миљана, со која е во врска во ријалити шоуто,  дополнително ја загреа ситуацијата. „Побарај му да ти ги врати парите  за свадбата. Ќе си купиш автомобил. Тоа се твои пари” , и вели Жабац на невестата , која само пред неколку месеци се венча со 74- годишниот вдовец и покрај противењето на нејзините родители.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега