Николовски на средба со граѓани во скопски Аеродром

 

Денес во рамки на караванот за „Обнова на Македонија“ сме во Аеродром да се сретнеме тука со граѓаните со жителите на Аеродром да ги слушнеме нивните идеи и концепти по однос на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе е прва и интерактивна програма во политичката понуда на демократска Македонија, каде што директно од граѓаните ги добиваме идеите и проектите кои што треба да се дел од таа идна програма, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

-Овој караван веќе трае повеќе од три месеци насекаде низ државата и е во својот финиш и некаде за две до три недели ќе финишира овој караван, после тоа ќе одиме кон финализирање на програмата и се надевам дека во месец јануари или февруари ќе излеземе со конкретна програма на ВМРО-ДПМНЕ за престојните парламентарни избори во април следната година, истакна Николовски.

Овие средби помагаат и за да слушнеме што е она актуелно кај граѓаните, што се нивните потреби и барања, што е она што го размислуваат за актуелната власт, кои се барањата кои што ги имаат од нас доколку  победиме  на следните избори и е стил кој што планираме и по завршувањето на овој караван да го продолжиме во слични форми во текот на следните месеци, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега