Идната година Буџетот за индустриските развојни зони поголем за 1,3 милиони евра
Буџетот на Дирекцијата за технолошкио индустриски развојни зони – ТИРЗ следната година ќе биде поголем за 1,3 милиони евра, изјави денеска директорот Виктор Мизо.
Како што пренесува Курир,според Мизо, буџетот за идната со зголемувањето ќе изнесува 8,2 милиони евра. -Начелно средстватата се распределени по зоните, но специфична локација на средставата не е определена, бидејќи нивната распределба ќе зависи од потребите на инвеститорите. Освен за зоните Скопје 1 и Штип кои се функционални, дел од овие средства ќе бидат искористени за некои инфраструктурни зафати во зоната Скопје 2. Потоа за изградба на зоните во Кичево, Струмица, Радовиш и Ранковце, која се очекува да се активира до крајот на годинава. Исто така, дел од средствата ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти во трите зони во Источна Македонија, Берово, Виница и Делчево, изјавува Мизо за порталот Курир.
Според Мизо, средствата ќе бидат распределени за изградба на оние зони каде што имаме компании кои имаат донесено одлука или се во фаза на донесување на одлука за инвестиции, а активно ќе се работи и на обезбедување поволни услови за нови инвестиции.
Зголемен интерес од странските инвеститори во последно време има за Охрид и Кичево.