Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски во посета на Франција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на извршниот комитет Игор Николов се во тридневна посета на Париз, Република Франција.

Во текот на посетата ќе оствари билатерални средби со повеќе претставници од Францускиот Сенат, Францускиот Парламент и претставници на Француското МНР.

На средбите ќе стане збор за Европските перспективи на земјава, надминување на сериозните слабости во борбата против корупцијата, и владеењето со правото како и развивање на продлабочена соработка помеѓу Република Македонија и Република Франција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега