СДСМ ќе одлучува за кадровските решенија во техничката влада следна недела

СДСМ наредната недела ќе одлучува и ќе ги разгледува кадровските решенија за новата техничка влада, најави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по отворањето на леарницата „Кранфилд Фаундри“ во Пробиштип.

-Намерата беше на последниот централен одбор некаде на средината  на декември да се разгледаат кадровските решенија. Јас верувам дека следната недела ќе може да зборуваме за нашите кадровски решенија, рече Заев.

Тој не прецизираше и не објави имиња кои би ја зазеле позицијата на технички премиер, но и на останатите кадровски решенија кои ќе влезат во новата техничка влада од редовите на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега