Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана

Денеска во Собранието пред пратениците е Законот за одбрана. Важен, системски закон со кој се обезбедува прилагодување на НАТО стандардите. Ова го изјави денеска Костадин Костадинов.

- Законот за одбрана е последниот чекор во целосното прилагодување на законодавството со НАТО стандардите. Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој Закон. Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО. Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО. Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика, вели Костадинов.

НАТО е стратешка цел повеќе од 25 години и затоа да не дозволиме нашата домашна работа да остане недовршена заради лични и партиски калкулации.

- Уште еднаш апелираме до сите пратеници без разлика на тоа од која партија доаѓаат да гласаат за Законот за одбрана. На прав пат сме Република Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега