Ахмети: Да не се политизира прашањето за Законот за јазиците

 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска од Чаир порача дека не сака прашањето за Законот за јазиците да се политизира и да се употребува за изборната кампања. Според него, овој Закон е донесен со консензус, имаше голема дебата, и е закон кој извира од Охридскиот договор.

– Законот како документ има подршка од Европа, САД, НАТО и сигурно дека и Венецијанската комисија, како материјал е пратен за мислење и ние ги цениме мислењата на Венецијанската Комисија, но како прашање е од висока категорија, затоа што Венецијанската комисија се осврнува на прашања поврзани со правата на малцинствата, додека Законот за употреба на јазиците извира од договор со меѓународни гаранци, тој е закон што извира од самиот Устав на Репулика Македонија. Оваа дебата не беше лесна, и траеше од 2003 година до моментот кога беше изгласан, пред две години – истакна Ахмети.

Тој исто така кажа дека заменик премиерот Бујар Османи бил изваден од контекст кога кажал дека секое отварање на Законот за јазици ќе не врати назад во 2001 година.

Според него, тој кажал дека не треба да ни се повторат случувањата од минатото.

– Ако се вратиме на минатото нема да знаеме да ја изградиме нашата иднина, иднината се создава не заборавајќи на минатото, но со инвестиција во иднината за да никогаш не ни се повтори – истакна Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега