ВМРО- ДПМНЕ: 2019 е економски најлоша година- јавниот долг достигна 5 милијарди и 700 милиони евра

Лицемерно е во ден кога ОН излегуваат со податок дека половина милион граѓани во државата немаат постојан пристап до храна и гладуваат Зоран Заев да вели дека годинава била економски успешна, валат од ВМРО- ДПМНЕ како реакција на изјавата на премиерот Заев.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека да не беа добрите економски политики на претходната влада кои донесоа десетици инвестиции Зоран Заев ќе немаше денес со што да се фали.

„2019 е економски најлоша година. Оваа година Заев ја заокружи со 300 милиони евра задолжување во само еден ден.

Оваа година за првпат јавниот долг достигна 5 милијарди и 700 милиони евра.

Годинава имаме рекордно ниско ниво на странски директни инвестиции, три пати помалку од лани.

За разлика од Заев, Стево Пендаровски не мисли дека годината е добра, ниту дека блескаме, тој јавно призна дека доколку не е претседател би си заминал од државата.

Ниту годината е економски успешна, ниту блескаме. Граѓаните секојдневно ја гледаат зарѓаноста на економијата во сивото секојдневие.

Лошата економска политика мора да запре. По 12 април следува обнова на Македонија и јакнење на економијата“ стои во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега