Малото бебе од Босна за кое цел Балкан се крена на нозе ја загуби битката со животот
Малата Белмина Ибришевиќ чија што судбина пред неколку месеци на нозе го крена целиот Балкан, за жал ја загуби битката со животот.
Оваа информација на социјалната мрежа фејсбук ја објави нејзината мајка, која воедно и ги замоли сите луѓе кои се во можност да помогнат за да се соберат пари за транспортирањето на телото на малото бебе во Босна, пренесе Кафе.ба.
За потсетување, на малата Белмина и беше дијагностицирана тешка болест, за која требаше да биде оперирана во Германија, но чекаше бидејќи нема пасош. За малото бебе целата балканска јавност се крена на нозе и таа беше пренесена во болница во Германија, каде и беше извршена операција, но две недели по операцијата дошло до компликации со што и се влошила состојбата. Битката на малото ангелче траеше цели седум месеци.