Статистика: Еве кои производи најмногу поскапеле минатиот месец
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во текот на минатиот месец најмногу поскапеле гравот, кромидот, краставиците и портокалите, во споредба со истиот месец минатата година.
Од друга страна, најголемо намалување на цените на зелените пазари е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот.
На пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, најмногу поскапеле оризот, кромидот, краставиците и бананите. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.
15.10.2013 - 15:25
Фото:
Денешен