Жестока пресметка: Навивач на ПСЖ запалил турско знаме, па Турците го соблекле гол сред Париз (ФОТО)

 

Навивачка пресметка: Пред дуелот помеѓу ПСЖ и Галатасарај во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите имаше низа на пресметки помеѓу навивачите на двата клубови на париските улици.

Околу стотина навивачи се судрија во пресрет на натпреварот на „Паркот на принцовите“, по што морала да интервенира и француската полиција.

На улиците навивачките групи фрлале со столови и тврди предмети, а подебелиот крај го извлекол еден навивач на ПСЖ кој го запалил турското знаме. Во знак на одмазда, навивачите на Галатасарај го претепаа и сред Париз го соблекоа до гола кожа.

Инаку, дуелот го доби францускиот тим со високи 5:0, а стрелци на головите беа Икарди, Сарабиа, Нејмар, Мбапе и Кавани. ПСЖ заврши на првото место во групата „А“ со 16 освоени бодови, на второто место пласман во нокаут фазата обезбеди Реал Мадрид со 11 бодови, во Лига Европа како третопласиран ќе игра Клуб Бриж со 3 бодови, а на последното место заврши Галатасарај со само 2 освоени бодови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега