Грците треба уште повеќе да штедат
Од Грција кредиторите побараа во 2014 година да најде дополнителни две милјарди евра во заштеди, ова го заклучија Еврогрупата по состанокот во Луксембург.
Грчкиот весник „Катимерини“ дознава дека на министерот за финансии Јанис Стурнарас му било кажано дека ќе мора да преземе повеќе мерки за следната година и покрај надежите на Владата дека ќе се избегне таков потег.
По состанокот Стурнарас инсистираше на тоа дека Атина нема да се соочи со повеќе „хоризонтални“ намалувања кои влијаат врз пензиите и платите. Грчкиот министер за финансии , исто така го коментираше тврдењето на членот на извршниот одбор на Европската централна банка Јерг Асмусен дека Грција се соочува со „значаен фискален јаз“во 2014 година.
- Не постои значајна фискален јаз. Ние немаме фискални предизвици - секогаш, изјави Стурнарас.