Ким Кардашијан објави совршен семеен портрет- сите холивудски ѕвезди се обидуваат да направат подобар
Ким Кардашијан со новата фотографија повторно подигна прашина на Инстаграм. Таа објави како изгледа овогодинешната божиќна фотографија на семејството Вест, а за само неколку часа собра околу 6 милиони лајкови и повеќе од 45.000 коментари.
На фотографијата која ги воодушеви обожавателите, Ким го држи малиот Псалм, а Канје ја држи Чикаго, додека Саинт и Норт седат покрај мајка им и позираат.
Целото семејство е во слична облека, а Ким уште еднаш докажа дека го знае рецептот за совршена семејна фотографија.
16.12.2019 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа