Србите на испратија со петарда - завршија најлошите квалификации за Македонија

Вистински дебакл доживеа македонската фудбалска реперезентација на стадионот во Јагодина. Домаќинот Србија не нагости со 5 гола и не запечати н дното на квалификациската група за Светското првенство во Бразил што ќе се игра идната година.
Овој резултат е најлошиот во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал и е само уште една во низата пораки до спортските работници, дека нешто не е во ред со најпопуларниот спрот во земјава. Баста, Коларов од пенал, Тадиќ и Шчеповиќ стрелаа за Србија а една сопствениот гол го затресе и нашиот Ристовски. Колку да се ублажи срамот, Јаховиќ во 83 минута погоди за 5:1.
Колку лошо играше Македонија доволно говори податокот кој го споделуваат многу спортски новинари, дека најдобар поединец во нашиот тим беше големанот Томе Пачовски кој мораше 5 пати да ја вади топката од сопствениот гол

15.10.2013 - 22:33

најчитано сега