Лекарите ја уверувале дека нејзиниот син е уморен - снимила што прави, па следувала тешка дијагноза
Лиса Мартин, 29-годишна мајка од Велика Британија забележала дека нејзиниот 4-месечен син Бењи чудно се однсува. Почнал да добива чудни напади, да ги крева очите и делото нагоре.
Мајката се обидела да разговара со смеејниот доктор, но тој ја уверувал дека тоа е реакција на претеран замор кај бебето.
Мајчинскиот инстинкт ѝ велел дека е нешто многу посериозно и не се откажала, туку го снимила синот во таквите моменти и го покажала видото на докторите. На крајот се покажало дека детето има еден облик на епилепсија.Ако пореметувањето не се излечи, може да предизвика оштетување на мозокот, аутизам, па дури и смрт.
„Бењи беше совршено здрав до четири ипол месеци, а тогаш забележавме дека прави чудни движења со очите, кои како да го вонзмиеруваат. Веднаш следното утро разговарав со доктор и му опишав што се случува, а тој ми кажа дека момчето е уморно и дека ќе престане“, раскажала Лиса.
„Меѓутоа, тие движења продолжија и во текот на денот и кога вечерта мојот сопруг се врати од работа, одлучивме повторно да одиме на лекар и да му покажеме снимка. Тие движена за нас беа застрашувачките и покажавме дека нешто се случува вон наша контрола. Доцнењето во дијагнозите обично носат до лоши исходи“, објаснила таа.
Лиса подоцна снимката ја објавила на социјалните мрежи за на родителите да им сугерира да обрнат внимание доколку нешто слично се појави кај нивните деца.
Откако во болница отишле со снимката, лекарите бебето го задржале во болница. За време на ноќта нападати станувале посилни и поагресивни, а докторите избројале 80 напади во само една ноќ. Потоа Бењи итно го пренеле на ЕЕГ каде му ги мереле мозочните удари. Токму тие анализи довеле до вистинската дијагноза - инфантилни спазми или West sindrom.
Тогаш започнале низа тестирања, МРИ претраги, лумбални пункции, му земале крв за анализа и почнале да му даваат стероидни лекови.
„Лековите беа толку силни што нашиот син врескаше 24 часа дневно. После еден месец изгуби многу вештини кои ги научи до тие појави, никогаш не се смееше и повеќе не беше среќно дете. Лицето му отече од стероидите. Ми се чинеше дека детето ни го заменија со друго. Сепак, комбинацијата лекови делуваше“, рекла мајката.
Неговите напади денес се под контрола, сепак последици останале - има потешкотии во говорот и потребна му е помош околу личната нега и свесност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа