"Едниот давеник го спасив но другиот исчезна пред моите очи" - детали за трагедијата во Тиквешкото езеро

 

Трагедија ја потресе Македонија кога во текот на вчерашниот ден маж на возраст од 50 години се удави во водите на Тиквешкото езеро. Херојот кој се нашол на местото на несреќата и успеал да спаси еден од давениците, си ја отвори душата за Дневник и раскажа што се случило.

- Го спасив едниот од давениците, но вториот исчезна пред моите очи. Не можев да стигнам навреме и нему да му помогнам. Телото едноставно го снема во водата, вели Благоја Данаилов за Дневник, и додава дека не може да си прости што не го спасил и другиот човек.

Драмата започнала вчера во 10  часот кога двајца пријатели и соседи кои имале викенд-куќи на езерото со чамец отишле да ловат риба кога вода почнала да влегува во чамецот, а во паника да не пропаднат и двајцата рипнале во езерото, при што си помагале еден со друг за да не ги повлече водата. Повиците за помош од нивните најблиски кои биле на местото на несреќата ги чул Данаилов кој веднаш притрчал да помогне, но за жал успеал да спаси само еден од рибарите. 

- Возев колку што можев побргу да стигнам до местото. Се се одвиваше пред моите очи, гледав како едниот исчезна во водата. На вториот му фрлив јаже и успеав да го спасам, но, за жал, не можев да му помогнам на другиот, вели Благоја за Дневник.

Инаку, вчера попладнето пецијалната полициска екипа на нуркачи трагаше по телото на удавениот маж.

16.10.2013 - 09:39

најчитано сега