ФОТО: Захарова слави роденден - се пофали со својот необичен подарок, честитки пристигнуваат од сите страни
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова слави денеска роденден, а на својот Инстаграм профил објавила фотографија од необичниот подарок.
Таа на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од необичната торта на три ката која ја добила на подарок, пренесува Спутњик.
Тортата е во сина боја, а на самиот врв има фигура која ја претставува неа. Таа стои зад говорница, како кога им се обраќа на медиумите.
За само нешто повеќе од 2 часа од објавувањето на фотографијата од овој подарок, повеќе од 9.200 следбеници ја лајкуваа нејзината објава, а следува и бројни роденденски честитки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа