Конечно откриено што пие Путин: Никаде не оди без својот бел термос, а кажа и што има во него
Путин не оди на преговори без својот бел термос. А, сега знаеме и што има во него. Претседателот на Русија, Владимир Путин рекол дека наместо црн чај пие чај од алтајски треви.
„Знаете, јас дури и не пијам црн чај...Пијам чај од тревки од Алтај“, рекол Путин на состанокот за земјоделие и рурални краишта, пренесува порталот „Russia beyond".
Интересно е дека оваа година на официјалната вечера во јапонскиот град Осака медиумите снимиле како рускиот претседател наздравува со колегите претседатели со термосот.
„Работата е во тоа што Путин постојано пие чај од тој термос“, изјавил Песков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа