СДСМ: Растат платите и повеќе пари се враќаат во секое семејство


- Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари  за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот  персонал. Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат  значително повисоки плати.

Со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства. Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал. Споредено во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати, велат тие.

Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000  денари, а некаде и повисока.

Тоа е остварување на ветувањето на СДСМ  за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.

 

- За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита. Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат. Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат, додаваат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега