Касами: Албанскиот фактор мора да се обедини

Централното претседателство на БЕСА одлучи да ја прифати понудата на Алијансата на Албанците за заеднички настап на предвремените избори.

За тоа говореше за Утрински брифинг на „Слободен печат“ претседателот на Беса, Билал Касами.

– Алијансата на Албанците даде конкретен предлог и настојуваше во овој блок да се вклучи уште една партија која во моментов е дел од владината коалиција. Тоа инсистирање беше пречка ние порано да се одлучиме да одиме во тој формат на соработка и предизборна коалиција. Но разгледувајќи ја ситуацијата и инсистирањето кое на моменти можеше да биде пречка да се постигне договор за соработка со Алијансата на Албанците, ние на последната седница на ЦО одлучивме дека иако може вклучувањето на една партија од владината коалиција да наштети на една чиста опозициона опција која би била многу поедноставно понудена кон гласачите, да не бидеме пречка кон обединување на албанскиот фактор во Северна Македонија го прифативме тој услов, изјави за Утрински брифинг Касами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега