Трипуновски: Од 12 април доаѓа вистинската грижа и подобрувањето на условите за македонските земјоделци

Дополнителниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветна Трипуновски денеска беше во посета на Општина Чашка.

Во продолжение Ви го пренесеуваме неговиот Фејсбук статус:

Денеска на барање на мојот домаќин Екрем го посетив Ново Село во општина Чашка и поразговарав со него и дедо Богдан. Од разговорот дознав дека досега никој ги нема посетено како од локалната така и од централната власт.

Екрем има нешто над 550 овци и над 100 крави, а и тука проблемите се исти.

1. Неисплатени субвенции по грло, за млеко, за органско производство.
2. Ветената мерка од 400 денари која што требаше да ја добијат уште лани се уште не им е исплатена и заради погрешно креираната мерка повеќето сточари за жал нема да ја добијат оваа субвенција.
3. Заборавени од локалната самоуправа и пристапниот пат е речиси непрооден и безброј други проблеми кои дополнително им го отежнуваат и така тешкиот живот.

Од 12 април доаѓа вистинската грижа и подобрувањето на условите за македонските земјоделци!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега