Мизрахи: Нема да дозволам македонските граѓани да бидат нарекувани антисемитски народ

Министерката за труд и социјална политика од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната прес-конференција изјави дека и покрај вербалните напади врз неа нема да дозволи македонските граѓани да бидат нарекувана антисемитски народ, пренесува Алсат-М.

Таа кажа дека Македонија е нејзина држава, родена е тука заедно со Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци и знае што значи соживот. Мизрахи се присети и раскажа како во текот на Втората светска војна од Македонија и биле однесени 83 члена од семејството во концентрациониот логор во Треблинка само затоа што биле Евреи. Сите биле убиени. Министерката е згрозена зошто во политиката се користат вакви напади за добивање на политички поени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега