ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче на дело фатени во милионски рекет
ВМРО-ДПМНЕ ги посочи фактите кои, според партијата, го одбележаа денот:
- Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Зоран Заев и Венко Филипче на три месеци пред избори.
- Царовска оставила 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице.
- Компанијата Де Лукс ДОО е во сопственост на семејството Бочварски од крајот на 2017 до денес, заработила 5.000.000 денари од институциите на општина Штип каде што градоначалник е Благој Бочварски.
- Според резултатите на светската страница која ја мери загаденоста на воздухот „Аирвижн“ Македонија се наоѓа во врвот според загаденоста на воздухот.
- ОБСЕ ги осуди антисемитистичките изјави на лица блиски до СДСМ, а СДСМ не ги осудува своите експоненти за навредите упатени кон министерката Мизрахи. До сега нема никаква казна или исклучување за нивните членови заради ширењето антисемитизам.
- Кабинетот на Нина Ангеловска го опструира работењето на техничката заменик-министерка во Финансии со цел да ги сокрие реалните податоци за економијата во Македонија, како што е на пример падот од неверојатни 24,5% на прибрани средства од данокот на добивка во однос на планираното.
- Единствената меѓународна поддршка на Заев доаѓа од ЛАЖНИОТ принц од кој што доби одликување пред две години.
- Партиските вработувања на СДСМ ја чинат државата милион евра секој месец.
09.01.2020 - 20:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа