Татко на три деца едвај извлекол жива глава поради пуканка - мислел дека е настинат, а потоа дознал страшна дијагноза
Пожарникарот Адам Марин добил ендокардитис - воспаление на внатрешниот слој на срцето и срцевиот залисток откако лушпа од пуканка му се закачила на меѓу забите и никако не успевал да ја извади.
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 13, 2020
Причина за инфективниот еднокардитис се бактериите, кои може да се најдат во устата, а кои по пат на крвотокот влегуваат во организмот и може да го оштетат срцето. Адам цели дека се сеќава дека три дена ја мрдал вилицата со цел да ја извади лушпата. Се обидувал да ја извлече храната со жица, со капаче од пенкало, со шрафови, но не успевал.
Таткото на три деца мислел дека има грип. Отишол кај лекар по општа пракса кој го испратил на ренген и вадење крв. Се вратил дома и одморал, но денови подоцна не се чувствувал подобро. Забележат згрутчување на крвта на прстот на ногата, подоцна дијагностицирано како „Janeway lezija" - надворешен показател на инфективен ендокардитис. Тогаш отишол во болница.
-Имав чувство дека нешто не е во ред. Спиев многу и се чувствував многу лошо. Имав болки во нозете. Примен бев во болница неколку дена на анализа и бев многу загрижен.
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 13, 2020
Се покажало дека болката во ногата и згрутчувањето е од инфекција, а отстранувањето траело пет часа. Му биле дадени лекови за инфекција, но анализата открила дека срцето е тешко оштетено и дека ќе му биде потребна операција.
-Не сакам никој да помине низ ова низ кое поминав јас. Се се случи многу брзо. Морничаво е кога ќе помислам дека сето тоа е поради пуканка.
За среќа Адам брзо закрепнал, Во октомври 2019 година бил операриран, а сега е дома со сопругата и децата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа