Во август опаднал прометот во индустријата

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,9 проценти.

Во однос на јули годинава во август прометот во индустријата бележи намалување за 2,5 проценти, а е зголемен за 5,8 проценти во периодот јануари-август годинава, во однос на јануари-август лани.

На домашниот пазар прометот во индустријата во август годинава споредено со август минатата година е намален за 13 проценти, а е зголемен за 4,4 проценти на странските пазари пораст.

Прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ бележи опаѓање од 6,7 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 1,6 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во август оваа година, во однос на август лани, бележи пораст кај „енергија“ за 71,8 проценти, „капитални производи“ за 15,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 проценти, додека опаѓање е регистрирано кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 11,1 процент и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 20,5 проценти.

17.10.2013 - 10:36

најчитано сега