Хеликоптерот немал црна кутија: Нови детали за кобниот лет во кој загинаа 9 лица, меѓу кои и Коби Брајант

 

Хеликоптерот кој се сруши во предградие на Лос Анџелес, а во кој се наоѓаше кошаркарот Коби Брајант заедно со својата 13-годишна ќерка и уште седум лица, немал црна кутија.

Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант заедно со својата ќерка Џиана и уште седум лица загинаа во неделата, откао приватниот хеликоптер на Коби се сруши поради досега неразјаснети причини.

Од американската Национална комисија за безбедност во сообраќајот соопштија дека со помош на дронови било лоцирано подрачјето на кое се наоѓаат остатоците од леталото, а во истрагата се вклучени и ФБИ. Хеликоптерот немал црна кутија, односно како што е наведено, за тоа летало не бил потребен уред за снимање.

Во извештајот било наведено дека деловите од уништениот хеликоптер „Сикорски С-76“ се простираат на ширина од околу 180 метри. Џенифер Хоменди од Националната комисија за безбедност во сообраќајот изјави дека во такви услови преживувањето на несреќата било тешко, а точната причина за падот на хеликоптерот не е позната.

„Првите информации покажуваат дека хеликоптерот летал ниско од аеродромот „Џон Вејн“ до недалеку од „Бурбанк“ аеродромот“, изјави Хоменди.

Како што вели, хеликоптерот кружел 12 минути додека чекал одобрение од контролорот, потоа леталото се искачило на висина од 700 метри за да се избегнат облаците и недолго потоа започнал да се спушта.

Последниот контакт со радарот се случил во 9:45 утрото од локацијата каде што се случила трагедијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега